Во Гевгелија вечер по прв пат ќе се одржи уличниот уметнички фестивал за живи статуи наречен „Статуафест“ уметност која е застапена речиси во секој дел од Европа и светот.

- Ваквиот вид на уметност е навистина многу специфичен, но исто така и многу малку застапен во нашата земја. Прв пат во Гевгелија во рамки на фетивалот ќе настапат седум изведувачи - живи статуи. Двајца од нив ќе ја изиграат уличната танго пантомима претстава „Проклетството на Виктор и Викторија“, а целиот настан со свој настап ќе го заокружи диџеј Чарли, информираат од Домот на културата во Гевгелија, кој е организатор на манифестацијата.

Културниот перформанс ќе се одвива на градскиот плоштад во Гевгелија и на главното шеталиште каде што ќе настапуваат уличните живи статуи. Како дел од проектот „Нов културен бран“ овој фестивал е поддржан од Минитерството за култура на Република Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/09/2017 23:11