Вардар ја продолжи победничката серија во лигата на шампионите со триумфот над Нант, 27-23 (14-10) во второто коло од А групата на лигата на шампионите.
Двете екипи одиграа одлично во одбраната, имаа свои „пет минути" на средбата, но Вардар успеа повеќе да доминира и да ја задржи предноста до крајот.
По натпреварот играчите на Вардар и Нант, Дибиров и Думолин изјавија:
„Се виде дека имаше нервоза на терен. Играа две екипи коишто немаат пораз. Добро е кога победуваш и кога не играш добар ракомет и кога нешто не функционира како што треба. Меѓутоа на таков начин може да се дојде до добар резултат. Во таков момент се гледа големината на еден тим и затоа може да бидеме задоволни. Кога играме добар ракомет тогаш е полесно. Ние бевме свесни и пред мечот со каков противник се соочуваме, а Нант има квалитет за да изненади многу поквалитетни ривали и до крајот ќе има многу победи", рече Тимур Дибиров.
„Знаевме дека ќе биде многу тешко. Дојдовме за да направиме добар резултат и мислевме дека можеме да го сториме тоа. Одигравме како што одигравме и сега ни останува да се подготвиме за дуелот против Рајн Некар. Од она што го одигравме можеме да оствариме добар резултат до крајот", истакна Сирил Думолин.