Согласно Законот за ловството донесен во 2009 – тата година на 31 јули завршува ловостојот за одреден вид на заштитен дивеч.
Во сабота (30 септември) почнува сезоната за срна како и за младенчиња - едногодишни и двегодишни од срна. Согласно позитивните законски одредби во Република Македонија ловостојот започнува на 1 февруари и трае се до 3о – ти септември.
Покрај од недела ќе може да се лови и муфлон женски и младенчиња-едногодишни и двегодишни од муфлон и дивокоза заедно со младенчиња - едногодишни и двегодишни од дивокоза.
Крај на ловостојот се утврдува и за лов на фазан а она што голем број на ловџии со нетрпение го очекуваат е почетокот на сезоната за лов на диви свињи кој официјално започнува од недела.
Спортски поздрав: Мирна рака и бистро око!