Во пресрет на почетокот на ловната сезона на дивата свиња ви пренесуваме официјална статистика за бројната состојба на дивечот во Македонија, конкретно дивата свиња како и отстрелот на овој дивеч минатата година.
Според податоците на државниот завод за статистика во Република Македонија во 2016 -тата година биле регистрирани 6.539 диви свињи. Според региони дивите свињи се распространети:
Во Вардарскиот регион - 437 евидентирани диви свињи
Во Источниот - 995 диви свињи,
Во Југозападниот - 1067 диви свињи
Во Пелагонискиот - 430 диви свињи
Во Полошкиот - 1019 диви свињи
Во Северноисочниот - 906 и
Во Скопскиот регион - 513 диви свињи.
Според податоците на државниот завод за статистика за отстрерл на овој вид на дивеч, во мината година вкупно се отстрелани 1353 диви свињи од кои најмногу во пелагонискиот регион и тоа вкупно 325 диви свињи (а таму е регистрарана најмала бројка на диви свињи од само 430) потоа во југоисточниот регион - 267 диви свињи, североисточен регион - 261 дива свиња додека најмалку диви свињи се отстрелани во скопскиот регион - вкупно 47.
Измеѓу нив се југозападниот регион - 174 отстрелани диви свињи, источниот регион - 152 диви свињи, полоѓкиот регион - 76 диви свињи и вардарскиот регион - 51 дива свиња.