Припадниците на инженерискиот баталјон со своите вештини уште еднаш во помош на цивилните структури во реоните каде поплавите во изминатиот месец извршија оштетувања на инфраструктурни објекти.

Во период од две седмици со целодневно ангажирање на 15 свои припадници извршија изградба на нов дрвен мост во село Порој со димензии од 5,5 метри широчина, должина од 10,5 метри и со носивост до 4,5 тона, и истиот е предаден за користење на цивилното население.

Мостот во село Порој кој го изградија припадниците на АРМ (Галерија)


Автор: Администратор
Објавено на: 25/09/2017 02:08