Муфлонот се одгледува во ограничена популација во резерватот Јасен.

Тој достигнува височина до 75 сантиметри а должина до 130 сантиметри. Тежи до 150 килограми а телото не му е покриено со волна туку со доста крупни влакна, што во зима се темно костенливи.

Оценувањето на староста е посигурна по роговите отколку по неговите 32 заби. Роговите се слични како кај домашниот овен , т.е. растат свиткани и можат да пораснат и до 90 сантиметри , а тежат и до 6 Килограми.

Женските немаат рогови а ако ги имаат израснуваат само 5 до 6 сантиметри.

Муфлонот живее во стадо и на високи планински делови . Се храни со трева, на пасење излегува наутро и навечер.

Се пари кон крајот на октомври до декември. За време на парењето стадото е поделено на помали групи кои ги води овен.

Согласно Законот за ловството донесен во 2009 – тата година на 30 септември завршува ловостојот за муфлонот женски и младенчиња-едногодишни и двегодишни од муфлон.

Покрај јасен, муфлонот е доста застапен и во ловиштето Полаки - Кочани



Автор: Администратор
Објавено на: 26/09/2017 10:40