Под мотото „Вклучи се! за здрава животна средина“, денеска во паркот спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“ ќе биде промовиран т.н. Вело-остров.

Промоцијата на Вело-островот што ја организира здружението на граѓани „Центар за климатски промени“ од Гевгелија во соработка со општина Карпош, има за цел да придонесе кон намалување на аерозагадувањето и бучавата, како и за поздрава и почиста животна средина.

Оваа активност е дел од Акцискиот план 2017-2020 година за поголема вклученост на јавноста во донесувањето одлуки во областа на животната средина.

Во рамки на промоцијата за првите 100 учесници ќе бидат поделени флексибилни траки и беџови брендирани со логото на проектот, донаторот и пораката за вклучување за поздрава животна средина.

Настанот е дел од проектните активности на проектот „Зголемено вклучување на граѓанското општество во процесот на донесување одлуки од областа на животна средина“ и е финансиран во рамки на програмата за акциски грантови на ЦивикаМобилитас.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/09/2017 11:29