АД „Електрани на Македонија“ во правец на обезбедување поголема транспарентност во работењето на својата официјална веб-страница почна да ги објавува податоците за нивото на Охридско Езеро, информираат од компанијата.
Посетителите на корпоративната страна на АД ЕЛЕМ, додаваат, на линкот http://www.elem.com.mk/?p=6755 ќе имаат можност секојдневно да го следат нивото на езерото, а покрај моменталната состојба, се поставени и податоци за минималната и за максималната кота.
Објавените податоци се според сопствените мерења на компанијата, што АД ЕЛЕМ - Подружница ХЕС Црн Дрим ги врши со водомерна летва во близина на градското пливалиште во Струга.