Во организација на Здружението на дипломирани студенти од Република Турција денеска во Скопје ќе се одржи панел дискусија на тема „Перцепцијата на Република Турција во Република Македонија“, на која ќе се обрати и поранешниот турски премиер и пратеник од Коња, Ахмет Давутоглу.
Како што најавија организаторите, на панелот чија тема ја обработува интензивната повеќедецениска соработка помеѓу Турција и Македонија ќе говорат и Илија Димовски – координатор на Прва пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, Стево Пендаровски – пратеник и вонреден професор на Универзитетот Американ колеџ-Скопје, Муедин Ристеми, поранешен амбасадор на Република Македонија во Република Турција и Есер Џевахир, член на Управниот одбор на „Џевахир Холдинг”.