Во Градскиот парк во Скопје кај Школка денеска ќе се одржи промотивно – едукативен настан за подигнување на јавната свест во борбата против беснило.

На настанот, којшто е во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство, во соработка со Факултетот за ветеринарна медицина, Ветеринарната комора и ветеринарните друштва, ќе се обрати директорот на АХВ Зоран Атанасов.

На светско ниво, годишно од беснило умираат по 50.000 до 60.000 лица или по 150 на ден. Притоа, во 95 отсто од случаите беснилото е предизвикано од каснување на кучиња – скитници.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/09/2017 20:00