На градскиот плоштад „Гоце Делчев“ во Струмица денеска напладне ќе почне Октомвриски марш за лицата со Даунов синдром.
Поворката ќе тргне од плоштадот низ улицата „Моша Пијаде“, по улицата „Ванчо Китанов“ до градскиот парк, па назад до плоштадот преку градското шеталиште.
– Здружението за помош и поддршка на лица со Даунов синдром „Вера“ во соработка со „Мрдни со прст“ првпат во Струмица го организираат Октомврискиот марш за подигање на јавната свест и прифаќање на лицата со Даунов синдром. Учесниците ќе може на градскиот плоштад да донираат училишен пробор наменет за децата со Даунов синдром, изјави Анче Туфекчиева од Здружението „Вера“.
Маршот ќе се одвива под мотото „Љубовта не брои хромозоми“, водител ќе биде Марко Новевски, а на градскиот плоштад учесниците во маршот ќе ги пречека Диџеј Саф.