Поранешниот премиер и актуелен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Димитриев, на својот фејсбук профил им го честиташе празникот Св. Евастиј на сите ловџии.
Покрај честитката, Димитриев истакна дека по завршувањето на изборите во Собранието на Република Македонија ќе поднесе предлог на закон за измена на постоечкиот закон за ловство.
„Среќен празник на сите ловџии во Македонија кој го празнуваат Св.Евастиј, заштитникот на ловџиите.
По изборите ( сега за да не се исполитизира ) ќе предложам Предлог на закон за измени на законот за ловство кој предвидува многу новини и подобри решенија во интерес на ловството. Бидејќи нашата пратеничка група не е доволна да се изгласа законот, ќе го понудам и на парламентарното мнозинство заеднички да го предложиме и усвоиме.
Добар поглед!“ напиша Емил Димитриев.