Времето утре во Македонија ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност, во западните делови со умерен до засилен западен ветер.
Утринската температура ќе се движи од три до 10, а дневната од 22 до 28 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност.
Температурата ќе се движи од девет до 26 степени.
Во петок во поголем дел од денот времето ќе биде претежно сончево и топло.
Значителна промена на времето се очекува од петок кон крајот на денот кога под влијание на влажен и студен воздушен бран облачноста ќе се зголеми и ќе има повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и во сабота, кога на места ќе бидат пообилни. Ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика значително и нагло опаѓање на температурата на воздухот за околу 15 степени. На планините ќе има и врнежи од снег, особено во северните делови каде снежната граница можно е да се спушти и под 1500 метри н.в.
Од недела времето ќе биде претежно стабилно со студени утра и благ пораст на дневната температура.