Повеќе од 80 студенти од 35 држави од светот утре и задутре во Скопје ќе учествуваат на Меѓународниот студентски конгрес што по четврти пат го организира Меѓународниот балкански универзитет.

Конгресот се фокусира на „Создавањето на новиот свет во глобализирана ера“, а студентите ќе ги анализираат правните, политичките, економските, социјалните, психолошките, едукативните, уметничките и инженерските аспекти.

На отворањето на Конгресот, како што е најавено, ќе учествуваат претставници на државните институции, дипломатскиот кор, цивилното општество, академскиот свет и студенти.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/10/2017 08:03