Во Анталија стартуваше Европскиот клупски шаховски куп на кој титулата европски првак ја брани Македонскиот претставник Алкалоид.
„Фармацевтите“ на стартот убедливо со 4,5-1,5 го торпедираа италијанскиот претставник Аугуста Перусиа. Вториот наш претставник Асеко Гамбит води со 5-0 исландскиот Викинг. Во тек е уште партијата на Динев со Игнасон.
Алкалоид – Аугуста Перусиа 4,5-1,5
Динг – Родичи реми
Андрејкин –Бертањоли 1-0
Ју – Палтриниери 1-0
Јаковенко – Барп 1-0
Криворучко – Марсили 1-0
Панчевски – Сересин 0-1