Австриската компанија “JAB Holding“ вложи повеќе од 30 милијарди долари во бизнисот со кафе, а полека станува бренд кој сериозно му се заканува на досега неприкосновениот бренд на пазарот со кафе, американскиот Старбакс.

Компанијата е во сопственост на австриското семејство Рајман кој во светот на бизнисот и не беа баш добро познати се до моментот кога се решија да го купат производителот на апарати за кафе „Keurig“ и воедно го направија првиот чекор кон градење на кафе-империјата.

Планот почнаа да го реализираат преку својот ланец на кафитерии наречен “Espresso house“ каде што на муштериите им се нуди интересна амбалажа на кафињата заедно со свежи пекарски производи.


ЈАБ Холдинг сериозна закана за Старбакс

Медиумите веќе ги класифицираа како сериозен конкурент на Старбакс, додека брокерите предвидоа раст од 5% на акциите на “JAB Holding“.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/10/2016 00:24