Тројца скопјани се уапсени под сомнение дека се инволвирани во недозволена трговија со дрога. Во нивните домови е извршен претрес при што се пронајдени кесички и тегли со марихуана.

Полицијата денеска соопшти дека вработени во Одделението за недозволена трговија со дрога извршиле претрес во домовите на М.М.А. (23), С.Р. (23) и Д.И. (29).

При претресот кај М.М.А. пронајдени се една најлонска кеса со растителна материја, една целофанска кесичка со остатоци од растителна материја, тегла со 12 кесички со растителна материја, тегла со растителна материја и дигитална вага со остатоци од материја. Утврдено е дека се работи за марихуана во вкупна маса од 80,13 грама. Со М.М.А. е извршен разговор, при што тој го појаснил начинот на купопродажба на дрогата.

По една стаклена тегла со дрога пронајдени се и кај С.Р. и кај Д.И. Извршен е разговор со нив во кој делумно го појасниле начинот на извршување на кривичното дело.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/10/2017 18:25