Со презентација на документарен филм за почетоците на производство на македонскиот челик, компанијата „Макстил“ денеска ќе одбележи 20 години од постоењето и 50 години од челичната индустрија во Македонија.

На настанот што ќе се одржи вечер во Скопје, најавени сe обраќања на премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, како и на генералниот директор на „Макстил“ и на претставник од „Дуферко“.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/10/2017 12:05