Група од неколку лица на возраст од 16 до 20 години синоќа каменувале градски автобус бр.55 на надвозникот кај „Агросервис“, на патот кон Арачиново. Притоа биле искршени две стакла на левата страна од автобусот и стаклото од задната двокрилна стаклена врата, едно стакло на десната страна од автобусот, а од удар од камен во главата била повредена патничка З.Г. (45). Со оштетувањето на автобусот сторителите причиниле материјална штета од околу 61.000 денари.
- На 19 октомври 22,40 часот Е.Ј.(61) пријавил дека на булеварот „Методија Андонов-Ченто“, (на надвозникот кај “Агросервис“), во автобус за градски сообраќај бр. 55, кој што се обраќал на линијата Транспортен центар - село Арачиново во моментот кога автобусот дошол на надвозникот движејќи се во правец на селото, група од неколку лица на возраст од околу 16 до 20 години го каменувале. Притоа биле искршени две стакла на левата страна од автобусот и стаклото од задната двокрилна стаклена врата од автобусот, како и едно стакло на десната страна од автобусот. Од удар од еден од камењата, била повредена З.Г. (45) која се здобила со повреди на левата аркада во вид на расекотина и крварење и веднаш потоа била префрлена во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“, соопшти МВР.
По укажаната лекарска помош таа била пуштена на домашно лекување. За настанот бил известен и Јавен обвинител. Извршен е увид и се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.