Претседателот на Евролигата, Жорди Бертомеу во интервју за „Кориере дела Сера“ ја обвини Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) дека направила распоред за квалификациите за Светското првенство, без претходни консултации со клубовите.

– Покрај игнорирањето на клубовите, ФИБА ја игнорираше и НБА. Во Америка, имате 108 репрезентативци, но ниту еден од нив нема да игра квалификации. Ова е неприфатливо. Натпреварите без нив нема да бидат исти. Замислете во фудбалот Португалија да игра без Кристијано Роналдо или Аргентина без Лионел Меси. Токму тоа ќе се случи во кошарката. Репрезентациите ќе играат без најдобрите, а тоа ќе го намали квалитетот на играта, потенцира Бертомеу.

„Војната“ меѓу ФИБА и Евролигата се води околу т.н. прозорци, односно термините за квалификациските натпревари кои не овозможуваат доволно време за одмор на кошаркарите од евролигашките клубови.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/10/2017 02:06