На кружната трка во Скопје, која се одржа по пауза од седум години автомобил удри во човек на тротоар во близина на Македонската радио и телевизија кој ја следеше трката „Скопје круг 2017“ во организација на АКК Примо АВЈ.
Повреден е Александар Димушевски, организатор на трката, кој по несреќата е однесен во Систина.
Полесно се повредени возачот Урош Бркиќ и делегатот Милош Бркиќ.
Натпреварувачите ја возеа традиционалната скопска патека пред зградата на Македонската телевизија на булеварот „Гоце Делчев“ и улицата „Беласица“ пред влезот во Скопски саем. Патеката ја задржува стандардната должина од 2.050 метри.