Американскиот претседател Доналд Трамп за време на посетата на Кина идниот месец ќе инсистира претседателот на Кина, Си Џинпинг да го исполни ветувањето за поголем притисок врз Северна Кореја, изјави неименуван претставник на Белата куќа.
Тој тврди дека Трамп ќе побара од Си да ги почитува резолуциите на Советот за безбедност на Обединети нации за Пјонгјанг и да преземе други мерки кон Северна кореја.
Пекинг тврди дека строго се придржува кон резолуциите на СБ, со кои се забранува увоз на јаглен, текстили и морска храна, како и прекин на доставата на нафта за Северна Кореја.
Кина е најголем трговски партнер на Северна Кореја и одговорна е за 90 проценти од трговијата на Пјонгјанг.
Повеќе пати официјален Пекинг бараше од Северна Кореја да ги прекине нуклеарните и ракетните тестирања. Но, за тензиите на Корејскиот Полуостов ги обвинува и САД, бидејќи неколку пати одржале воени вежби заедно со Јужна Кореја.