Градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ, со усен налог испрати инспекција на три објекти: на приватен објект на Кале, приватниот објект позади стара „Томче софка“ и Градска куќа со хотелскиот комплекс, која порано беше во сопственост на Кондаминас.
Инспекторите испитуваат дали сопствениците на објектот на Кале имаат одобрение за градба и неопходна документација. Кај објектот позади стара „Томче софка“, не е истакната задолжителната табла со податоци за инвеститор и одобрение за градење, што е спротивно на законот.
Од сопственикот и од инвеститорот на Градска куќа со хотелскиот комплекс, која е дел од проектот „Скопје 2014“, побарана е целосната документација .
Инспекторите врз основа на констатираната фактичка состојба ќе изготват решенија за натамошните постапки на општината.