Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) денеска во Скопје организира конференција на тема „Предлог модел за државно финансирање на граѓански организации во Македонија”.

Најавено е обраќање на Горан Форбици од Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија и Емина Нурединоска од МЦМС.

На конференцијата, покрај добрите практики за државно финансирање во регионот и во Словенија, ќе бидат презентирани наодите од националната анализа во која се дава осврт на државното финансирање на граѓанските организации во Македонија.

За прв пат ќе биде презентиран и дискутиран моделот за реформа на системот за државно финансирање којшто треба да придонесе за подобрување на финансиската одржливост на граѓанското општество во Македонија.

Конференцијата е дел од проектот „Кон реформирано државно финансирање на граѓанските организации“ спроведен од МЦМС во партнерство со ЦНВОС, финансиран од Европската Унија.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/10/2017 11:02