Шпанскиот Сенат и одобри на Владата на шпанскиот премиер Мариано Рахој да воспостави директна контрола врз Каталонија.

Таа одлука е донесена само неколку минути откако каталонските власти прогласија независност на областа од Шпанија.

За укинувањата на овластувањата на каталонските власти, 214 членови на шпанскиот Сенат гласаа „за“, 47 „против“, додека еден член беше воздржан.

Сега се очекува Рахој да да го повика кабинетот со цел да се усвојат првите мерки за власт над Каталонија.

Мерките предвидуваат распуштање на Владата во Барселона и преземање директен надзор над полициските сили во Каталонија.

Каталонскиот Парламент денеска со тајно гласање прогласи независност на Каталонија.

Рахој ги повика Шпанците да останат смирени. Шпанската Влада вечерва ќе одржи итна седница, јавуваат медиумите во Мадрид.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/10/2017 17:19