На Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово денеска ќе се одржи Втора научна конференција за аерозагадувањето на која ќе бидат презентирани најновите согледувања со аерозагадувањето во урбаните средини во Македонија.
Повеќе од 50 проценти од светската популација живее во градовите, а според Светската здравствена организација дури 92 проценти од луѓето кои живеат во градовите дишат загаден воздух. На глобално ниво, аерозагадувањето е причина за 36 проценти смртни случаи од рак на белите дробови, 34 проценти смртни случаи од инфаркти и 27 проценти смртни случаи од срцеви заболувања.
Организатори се здруженијата „Еко свест“ и „За зелен град“ кои посочуваат дека се поважно е точното и навремено информирање на научните факти околу аерозагадувањето и можните решенија.