Општина Карпош испратила инспекции на сите поголеми градилишта на нејзина територијата.

„Станува збор за редовни контроли кои секојдневно ќе ги вршат градежните и комуналните инспектори од Општината, на сите поголеми градежни објекти што со нивната реализација создаваат проблеми во секојдневната комуникација на граѓаните, било со отежнат сообраќај по коловозите, лош пристап и движење за пешаците или со создавање прав и шут во непосредна близина на други станбени објекти“, соопштија од Општина Карпош.

Во соопштението објавено на веб-страницата на Општината се вели дека целта на инспекцискиот надзор е да се констатира и да се увиди колку инвеститорите, односно изведувачите на градежните зафати ги почитуваат процедурите и правилата за градба и притоа внимаваат на заштитата на околината околу објектот.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/10/2017 16:33