Градоначалникот на општина Аеродром Златко Марин денеска се сретна со директорот на Управата за водење матични книги Ѓоко Котевски.

На работната средба, како што информира општина Аеродром, се дискутирало за можноста да се отвори подрачна канцеларија на Управата за водење матични книги во просториите на општина Аеродром.

Предвидено е канцеларијата да биде отворена на 22 ноември 2017 година, од кога жителите на општина Аеродром ќе имаат можност да поднесуваат барања и да подигнуваат готови изводи од матичната евиденција во својата општина.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/10/2017 17:12