Министерот за спорт Борко Ристовски и градоначалникот на општина Илинден Александар Георгиевски денеска го отворија спортско-рекреативниот центар „Драго Маневски“.
Како што информира Општина Илинден, во рамки на овој спортско-рекреативниот центар изградено е повеќенаменско игралиште, атлетска патека и трибина и уреден е просторот за спорт и рекреација на граѓаните.
- Ние како Министерство за спорт секогаш ќе се залагаме за здрав живот и за подобрување на условите за спорт и рекреација на граѓаните, особено на младите. Министерството за спорт секогаш ќе биде тука да ги поддржи проектите на локалната самоупрва и вложувањата во младите, во иднината и во спортот, истакнал Ристовски.
На отворањето на спортско-рекреативниот центар во општина Илинден, покрај министерот Ристовски и градоначалникот Георгиевски, присуствувале и пратениците Драган Ковачки, Драгана Бојковска и Марија Петрушевска