Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) и претставници на ЕУ и Светска банка денеска ќе ги прецизираат деталите околу анализата на субвенциите, нивниот ефект и влијанието врз земјоделството.

Состанокот го најави министерот Љупчо Николовски, според кој, со анализата ќе биде опфатено и МЗШВ.

Со Делегацијата на ЕУ и Светска банка е договрена длабинска анализа на влијанието на субвенциите што ќе служи за креирање на следните политики. За тоа, информира Николовски, е дискутирано изминатите неколку месеци, побарана е и добиена експертска помош од ЕУ и Светска банка.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/11/2017 10:18