Хрватската резиденција во Скопје е ограбена, а Рускиот конзулат во Битола е оштетен.
Полицијата денеска соопшти дека кражбата во Хрватската резиденција на улицата „Тодор Александров“ е извршена со употреба на подесен клуч, калауз при што е отворена влезната врата на резиденцијата, влезено е внатре и извршено е претурање, но не се знае што е одземено.
Рускиот конзулат во Битола, пак, е оштетен откако 68-годишниот Н.С. со бетонска плочка го искршил изложното стакло на Конзулатот при што е оштетен еден телевизор. Од страна на полициски службеници Н.С. е приведен и по извршениот разговор е пуштен. По целосното расчистување на настанот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на двата сличаи.