Шпекулациите за заминувањето на тренерот на Вардар, Раул Гонзалез во Пари Сен Жермен денеска се потврдија, тој од следната сезона ќе седи на клупата на францускиот првак.

Според француските медиуми Раул Гонзалез со Пари Сен Жермен потпишал договор на три години и во следната сезона ќе седне на клупата на клубот кој има најголем буџет во Европа.

Шпанскиот тренер потврди дека и покрај заминувањето од Македонија тој ќе остане на чело на националниот тим до истекот на договорот во 2020 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/11/2017 00:20