Скопскиот градоначалникот Петре Шилегов ја сопре изградбата на 95 фасади кои требаше да добијат нов барокен лик, а се реновираа по налог на поранешниот градоначалник Коце Трајановски.

Шилегов за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека меѓу стопираните објекти се и зградата на „Пелагонија“ и онаа на ТЦ „Палома Бјанка“, кај кои што веќе се одвиваат градежни работи.

- Дадов усна наредба да се стопираат сите фасади. Станува збор за 95 објекти. За оваа намена биле предвидени околу 90 милиони денари, пари од граѓаните кои ќе бидат заштедени, вели Шилегов.

Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Ирена Мишева по денешната конститутивна седница изјави дека Коце Трајановски на неговиот наследник му остава во градската каса над 834 милиони денари и 365 милиони денари за фасадите на зградите на Град Скопје, кои се во завршна фаза, што претставува повеќе од половина од буџетот на Град Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/11/2017 00:23