Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ денеска најави дека ќе биде формирана комисија која ќе го опфати целокупното работење на проектот „Скопје 2014“.

– Тоа ќе започне од начинот на поставување на спомениците, кој дава дозволи. За едни спомен-обележја е надлежна општината, за едни Град Скопје, а за други Собранието на Република Македонија. За поголемите имаме сомневања дека не се направени согласно одредени одлуки, така да се што е незаконски поставено ќе биде отстрането од наша страна, рече Богдановиќ, одговарајќи на новинарско прашање во Општина Центар која денес одбележува 41 година од основањето.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/11/2017 14:04