Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје го раководи увидот на лице место во скопската населба Аеродром, каде попладнево беше застрелано едно лице.

Ова го соопштија од Јавното обвинителство на Република Македонија од каде наведуваат дека дежурниот јавен обвинител издал повеќе насоки и наредби за преземање на потребни дејствија, меѓу кои за прибавување на податоци, обезбедување на траги од лице место и за обдукција на починатото лице.

Во соработка со Министерството за внатрешни работи, јавното обвинителство интензивно постапува во насока на расветлување на кривично правниот настан и откривање на сторителот на кривичното дело, стои во соопштението.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/11/2017 20:03