Убиецот на фудбалерот Мартин Јанушев одлежувал казна затвор, а за време на убиството бил пуштен на слободен викенд, објави „Макфакс“.

Се работи за 25-годишно машко лице, кое служело казна затвор во времетраење од шест години поради трговија со наркотични средства.

Полицијата сѐ уште трага по убиецот, а мотивите за убиството не се познати.

28-годишниот Мартин бил син на полициски службеник и брат на вработен во единицата Алфи.

Тој беше застрелан во петокот напладне, околу 18 часот пред влезот на зградата во која живеел, во населбата Аеродром.

Дел од очевидците раскажаа дека врз него било стрелано 4-5 пати во пределот на главата и вратот.

Јанушев последно играше за клубот „Локомотива“, а претходно кариерата ја градеше во клубовите „Маџари Солидарност“ и „11 Октомври“.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/11/2017 21:32