Утрово, во 05:18 часот, на улица „Антон Попов“, населба Кисела Вода, од страна на непознати сторители, од возило во движење биле испукани проектили од огнено оружје, по што возилото со голема брзина го напуштило лице местото и се упатило во непознат правец.

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека од страна на полициски службеници излезено е на лице место, извршен е увид и подигнати се предмети за вештачење.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/11/2017 22:54