Поранешниот претседател на Советот за радиодифузија, Зоран Стефановски загина во тешка сообраќајна несреќа која што се случила во 1 часот по полноќ во Скопје.

Според првичните информации, до несреќата дошло кога Стефановски, кој што се враќал од Илинден по булеварот Никола Карев со својот автомобил излетал од патот и удрил во рекламен билборд.

Тој бил пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“, каде што била констатирана смрт.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/11/2017 01:10