По претходна пријава од граѓани припадници на противпожарна бригада од Скопје пронашле мртва жена во стан на улицата „Димитрие Чуповски“.

Како што информира МВР, станарите синоќа се јавиле во противпожарната служба откако почувствувале непријатна миризба од стан во зградата.

Откако припадници на ПП бригада влегле во станот, забележале дека на подот лежи починато женско лице Г.М. (69). Од страна на екипа на итна медицинска помош на телото на починатата не се забележени траги на насилство. По наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/11/2017 02:00