Триесет и петгодишниот М.С. е повреден од огнено оруже кога со својот пријател с.Ф. (35) се враќал од лов во близина на Ѓавато.

Како што соопшти МВР, С.Ф во 13:30 часот заедно со неговиот пријател М.С.(35) отишле на лов, во близина на Ѓавато. По завршувањето со ловот, околу 22:30 часот, двете лица, со возилото се паркирале на паркинг на патот Битола-Ресен и додека биле надвор од возилото С.Ф. му ја дал наполнетата пушка, негова сопственост, на М.С. и се оддалечил од возилото.

Тогаш слушнал еден истрел, се свртил и го видел М.С. во лежечка положба, зад паркираното возило. С.Ф. му пружил прва помош на повредениот, го ставил во возилото и се упатил кон Клиничката Болница во Битола.

Во Клиничката Болница – Битола повреденото лице е примено во Одделението за хирургија и извршена му е хируршка интервенција.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/11/2017 02:16