Седмото издание на „Недела на дизајнот во Скопје” (Skopje Design Week) оваа година ќе се одржи од 22. до 26. ноември во „Јавна соба“ и Лукс продавницата за расвета и мебел, а подготовките влегоа во финална фаза. Информациите се достапни на веб страната на фестивалот www.ministryofpleasure.net и социјалните мрежи.
Тема на овогодишното издание на SDW е „Звукот на материјалите”, каде водејќи се од фактот дека материјалите, достапноста на истите и нивната обработка, во моментов се најпримарни елементи во еден производ.
Фестивалот оваа година ќе се претстави пет програмски целини, каде водечката е секцијата на дизајн изложбите. Земја во фокус оваа година е Унгарија и ќе се претстави со дизајн изложба составена од 20 дизајн студија, компании и поединци. Покрај изложбата, унгарските дизајнери кои во голем број доаѓаат во Скопје, ќе имаат презентции за деловниот и дизајн аудиториомот на фестивалот, но и ќе посетат неколку фабрики во околина на Скопје.
Пет музички групи од регионот ја имаат честа да настапат на Неделата на дизајнот и тоа, „Васил Хаџиманов бенд”, „Ѓорги Шаревски трио”, „Како – кало банда”, „Артан Лили“ и „Михали Борбели Балкан џез проект”.
Српска кулинаска забава е перформанс на готвач Мирко Веселиновиќ од винаријата Башек – Веселиновиќ од Сремски Карловци, и настанот ќе биде целoсоно достапен за јавноста.
Викенд програмата е резервирана за работилница за дизајн размислување водена од експерти од целиот Балкан и научно-практична работилница за деца од 7 до 10 години.
Влезот на Неделата на дизајн и на двете локации, Јавна соба и Лукс мебел и расветa, е слободен за сите посетители.