Починало бебе во Шуто Оризари три дена по раѓањето. Како што соопшти МВР, мајката вчера забележала дека нешто не е во ред со бебето, повикала Итна медицинска помош, но лекарот констатирал смрт.

Случајот го пријавил вчера вработен во Итната медицинска помош.

Според мајката Ѓ.С., бебето било родено во Гинеколошко-акушерската клиника „Мајка Тереза“.

По наредба на Јавен обвинител, телото на бебето е дадено на обдукција.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/11/2017 12:21