Десет противпожарни возила го гаснат пожарот кој утрово избувнал во просториите на Градежниот факултет во Скопје, потврдуваат од противпожарната единица.
Пожарот е ставен под контрола, а евакуирани се студентите и сиот кадар од Архитектонскиот и од Градежниот факултет.
Според првичните информации огнот зафатил три простории на вториот кат од зградата,
Причините за големиот пожар за сега се непознати и ќе се утврдуваат дополнително. Информации за повредени лица, за сега нема.