Противпожарните служби успеаја да го локализираат пожарот кој утрово го зафати Градежниот факултет.

Се уште не е позната причината за огнената стихија но како што информираат очевидци зафатени се повеќе простории на вториот кат од факултетот.

За среќа во пожарот повредени нема, засега само двајца студенти се пожалиле дека вдишале чад, им била укажана лекарска помош и нивната состојба е стабилна.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/11/2017 14:33