Триесет и тригодишниот Н.Б. од тетовското село Боговиње, вчера околу 18 часот пријавил грабнување на неговиот 52 годишен дедо А.А од Жеровјане, кој претходно бил пријавен за исчезнат.

Од СВР Тетово информираат дека нa телефонот на пријавителот стигнале СМС-пораки од засега непознати лица дека А.А. и неговото возило наводно се задржани кај нив во Струга и дека нема да ги пуштат, односно вратат додека не им дадат 4000 евра, но и дека A.A. повторно ќе им должи уште 4000 евра.

Полицијата презема мерки за расветлување на сите поединости поврзани со пријавеното грабнување.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/11/2017 23:18