Министерот задолжен за странски инвестиции Аднан Ќахил денеска присуствуваше на комеморативната церемонија по повод 79 години од смртта на Мустафа Кемал Ататурк, основачот на современа Република Турција.

Одбележувањето на годишнината го организираше Амбасадата на Република Турција во Република Македонија, каде пред присутните се обрати амбасадорката Тулин Еркал Кара.

- На церемонијата, точно во 9:05 часот, присутните му оддадоа почит на Мустафа Кемал Ататурк и неговите дела, со едноминутно молчење, по што следеше интонацијата на химната на Република Турција, соопшти Кабинетот на министерот Ќахил.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/11/2017 01:39