Синоќа на градскиот плоштад во Куманово се одржа концерт во организација на општината по повод Денот на ослободување на Куманово, 11 ноември.

На концертот настапија Нокаут, Бени Шаќири и Нон Стоп, како и Мартинијан Кириловски, Ивона Јовановиќ, Марио Арангеловски и Мартија Станојковиќ.

Пред присутните се обрати и градоначалникот, Маским Димитриевски кој го честиташе празникот.

Денеска, во чест на 11 Ноември, на Спомен костурницата, цвеќе ќе положат бројни делегации од Куманово, државата, претставници од збратимени градови, а во текот на денот ќе се одржи свечена седница.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/11/2017 05:27