Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев на неговиот Твитер профил објави дека поранешниот градоначалник Стевчо Јакимовски набавил апарт за прочистување на воздухот во канцелариите на општината.
– Додека карпошани дишеле загаден воздух, Стевчо во канцеларија дишел воздух од “Швајцарски Алпи”, напиша Богоев на Твитер.
Општина Карпош изминатата зима беше една од општините со најголемо аерозагадување во земјава.