Полициски екипи вечерва се на терен и спроведуваат акциски контоли во објектите низ главниот град. Од неофицијални извори, на мета на ноќната акција на МВР се угостителски објекти, ноќни клубови, агенции за обезбедување и други објекти.

Од МВР официјална потврда за контролите за сега нема.

Најверојатно контролите на полицијата во објектите ќе траат до утринските часови, па официјални информации од МВР за тоа што полицијата открила и кои објекти се проверувале, ќе има во текот на денот.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/11/2017 06:49