Мерните станици на министерството за животна средина и просторно планирање регистирале загадување на сите мерни станици во Скопје во текот на изминатиот ден.
Највисоко било загадувањето во Лисиче, каде што биле измерени 486 микрограми на метар кубен ПМ10 честички во воздухот во 18 часот. Нивото на ПМ10 честички се намалило во текот на ноќта, а утрово се измерени околу 90 микгрограми на кубен метар.
Во Центар највисоката измерена вредност била 112,6 микрограми на кубен метар ПМ10 честички во 9 часот.
Дозволеното ниво на ПМ10 честички во воздухот изнесува 50 микрограми на кубен метар.
Освен во Скопје, загадување на воздухот било забележано и во другите градови низ Македонија каде што се поставени мерни станици.